На 13.5.2024г. учениците членови на Клубот за медиумска писменост од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“,Ранковце, ООУ „Блаже Конески“, Прилеп, ООУ „Марко Цепенков“, Зелениково, ООУ „Димитар Миладинов“, Центар и ООУ „Петар Поп Арсов“, Карпош под менторство на нивните наставници имаа посета на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Целта на посетата беше запознавање со начинот на креирање едукативни игри со фокус на медиумската писменост. Воведното обраќање го имаше продеканот за наука и соработка, д-р Петре Ламески. Професорот д-р Владимир Трајковиќ преку презентација претстави некои од платформите за развој на игри како Unity, Scratch, Game Maker и други. Преку дискусија, тој ги водеше учениците до одговорите на прашањата: Како се раскажува приказна? Што ја прави една игра интересна? Кој е најважниот елемент на играта? Како да се избере добра едукативна игра? Што е едукативна вредност? Потоа учениците имаа работилница во рамките на која поделени во тимови развива идеи за сопствена игра, следејќи ги претходните насоки од проф. Владимир Трајковиќ. По завршувањето на времето за работа учениците ги презентираа своите игри.

Своја презентација имаше и тимот за создавање игри составен од Димитри Стојановски, Кристијан Стојковиќ и Христијан Мијалески Спасески, кои го покажаа процесот на создавање игри, дадоа едноставен пример во GODOT ENGINE и ги презентираа нивните игри “The Shepherd“  и “Flowers“.

Пред учениците беше претставен и моќниот суперкомпјутер со 1008 јадра, поставен во Лабораторијата за пресметување со високи перформанси. Системот се користи за истражување во пресметковната хемија, физика, сеизмологија, метеорологија, геологија, биомедицина и во производната индустрија.

12345

Last modified: Monday, 27 May 2024, 11:27 AM