Гостин новинар
Новинарот Драган Павловиќ Латас, на гости пред членовите на клубот за медиумска писменост од ООУ “Марко Цепенков“, Зелениково и online до сите учесници во проектот.
На 15.5.2024 г. членовите на “Клубот за медиумска писменост“ од ООУ “Марко Цепенков“, Зелениково беа домаќини на новинарот Драган Павловиќ Латас. Членовите од останатите 4 училишта ООУ“Петар Поп Арсов“, Карпош, ООУ“Димитар Миладинов“, Центар, ООУ“Блаже Конески“, Прилеп и ООУ“Христијан Тодоровски Карпош“,Ранковце(Крива Паланка) имаа можност да се вклучат онлајн на настанот. Наставниците и учениците имаа прилика да го слушнат мислењето на г-нот Латас за медиумската писменост и нејзината потреба во образованието, заеднички дојдовме до дефинирањето на термините “слобода на говор“, “цензура“, “пристрасност и објективност во новинарското известување“. Имавме одлична дебата за рамнотежата помеѓу слободата на говорот и одговорната употреба на медиумите. Дебата ја проширивме и на тема “ Медиумите и сликата за телото“ Дискутиравме за влијанието на медиумите врз само-перцепцијата, стандардите за убавина и позитивноста на телото. Благодарение на гостинот и дебатата ги поттикнавме учениците на поголема претпазливост при користењето на модерните медиуми, критички пристап и секако сите се стекнавме со продлабочени знаења од областа на медиумската писменост.